Николоски со порака до кандидатите за Комесар за човекови права во Европа
- Овие два дена во Париз се одржува Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Најбитната точка која што се разгледува е изборот за Комесар за човекови права. Можеби една од најзначајните институции во Европа имајќи предвид дека директно се занимава со човековите и малцински права кои што се под опасност во многу земји во рамки на европскиот континент. Има три кандидати, едната е г-ѓа Кунева од Бугарија, вториот е г-дин Новак од Австрија и третиот е г-динот О`Флаерти од Ирска.
Скопје, 2 декември 2023
Овие два дена во Париз се одржува Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Најбитната точка која што се разгледува е изборот за Комесар за човекови права.
Можеби една од најзначајните институции во Европа имајќи предвид дека директно се занимава со човековите и малцински права кои што се под опасност во многу земји во рамки на европскиот континент.
Има три кандидати, едната е г-ѓа Кунева од Бугарија, вториот е г-дин Новак од Австрија и третиот е г-динот О`Флаерти од Ирска.
Тројцата ги прашав истото прашање со цел да одлучам кого од овие три кандидати би поддржал, а тоа е прво ќе направат, заштита на човековите и малцински права на македонското малцинство во Бугарија, во Грција имајќи предвид дека правата на овие две малцинства се сериозно загрозени, односно дека Македонците во Бугарија и Грција не можат да го користат својот мајчин јазик во образованието, немаат права да се здружуваат нити во здруженија на граѓани, нити во политички партии, уште помалце имаат право да се искажуваат себе си како Македонци.
Исто така тројцата ги прашав и што ќе направат за спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур кои се однесуваат на Македонците во Бугарија, а кои пресуди се во директна надлежност на Комесарот за човекови права во Европа.
Побарав да се заложат за спроведување на пресудите кои се поврзани директно со правата на Македонците во делот на самоидентификација, во делот на правото на здружување и во делот на употребата на мајчиниот јазик во процесот на образование во Бугарија.
Сметам дека ова е нешто на што треба заеднички да работиме и сметам дека идниот Комесар за заштита на човековите права во Европа треба да го има ова како приоритет.
Можам да кажам дека ќе продолжам да правам силен притисок врз овие три кандидати до изборот на еден од нив на јануарската сесија на Парламентарното собрание во Стразбур со цел правата на Македонците и во Бугарија и во Грција да бидат заштитени согласно Европската Конвенција за човекови права како и Повелбата за малцински јазици и Повелбата за заштита на националните малцинства кои всушност ги има донесено Советот на Европа, а ги има поддржано и Европската Унија.
Заштитата на основните човекови права треба да е приоритет број еден во следниот период и сметам дека и македонската влада треба силно да се ангажира, а не само ВМРО-ДПМНЕ како опозиција.
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
—————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ