• понеделник, 23 декември 2024

Николоски - Силвестри: Имаме потенцијал за поголема економска соработка

Николоски - Силвестри: Имаме потенцијал за поголема економска соработка

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со амбасадорот на Италија Андреа Силвестри.

На средбата, како што информира Министерството за транспорт, беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со посебен акцент на билатералните односи меѓу двете земји.

Министерот Николоски ја потврди добрата соработка со Италија и нагласи дека поддршката што ја овозможува Италија е значајна за севкупниот развој на државата.

На средбата министерот Николоски го запозна амбасадорот Силвестри со владината програма и инвестициите во инфраструктурата.

- Се отворија и прашањата за процесот на реформи кои се спроведуваат како дел од интегративниот пат на Македонија во Европската Унија. Министерот изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји, се вели во соопштението. мд/дма/

Фото: Министерство за транспорт

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан