Николоски: Реакцијата на Заев е доказ кој е лидер од сенка на СДСМ
- - Човекот кој ги нанесе најголемите национални порази на Македонија, најголемите национални предавства и во чие што време криминалот цветаше и се случија најголемите корупциски афери, наеднаш се појавува во кампањата за да му покаже и на Венко Филипче и на СДСМ кој во суштина ја води партијата. А дека имаат концесии кон источниот сосед многу јасно говори и декларацијата што ја понудија во македонското Собрание на само неколку дена пред почетокот на кампањата која очигледно Заев ја пишувал, а Венко Филипче ја поднесе, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес-конференција.
Скопје, 6 октомври 2025 (МИА) - Денешната реакција на поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев на обвинувањата за наводни куферчиња пари од поранешниот премиер на Бугарија, од ВМРО-ДПМНЕ ја оценуваат како израз на паника и страв. Според ВМРО-ДПМНЕ, реакцијата на Заев е доказ дека лидерот на СДСМ во сенка е токму Зоран Заев.
- Човекот кој ги нанесе најголемите национални порази на Македонија, најголемите национални предавства и во чие што време криминалот цветаше и се случија најголемите корупциски афери, наеднаш се појавува во кампањата за да му покаже и на Венко Филипче и на СДСМ кој во суштина ја води партијата. А дека имаат концесии кон источниот сосед многу јасно говори и декларацијата што ја понудија во македонското Собрание на само неколку дена пред почетокот на кампањата која очигледно Заев ја пишувал, а Венко Филипче ја поднесе, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес-конференција.
Целта на ова СДСМ, според Николоски, е да се заштитат одредени елити во рамки на самата политичка партија.
- Многу е јасно дека ваков СДСМ има само една цел, а тоа е да заштити одредени елити во рамки на самата политичка партија и затоа е толку голем отпорот кон реформи во судството и обвинителство и тоа е последниот бастион на неколку елити во СДСМ. Овој СДСМ служи само на Зоран Заев и на ДУИ и Али Ахмети кои гледаат повторно можност и шанса во политиката, рече Николоски.
Затоа, според Николоски, е потребна масовна референдумска излезност на изборите и тие да завршат уште во првиот круг на 19 октомври.
бак/вг/
Фото: Принтскрин