• петок, 05 декември 2025

Николоски и Рокас разговарале за можностите за нови капитални проекти во државава поддржани од ЕУ

Николоски и Рокас разговарале за  можностите за нови капитални проекти во државава поддржани од ЕУ

Скопје, 22 август 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска на средба со шефот на Делегацијата на ЕУ во државата, Михалис Рокас, информирал за прогресот на актуелните проекти под надлежност на Министерството за транспорт, со акцент на проектите во патната и железничката инфраструктура како дел од коридорите 8 и 10.  

- Соговорниците разменија мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, како и за можностите за отпочнување на капитални проекти во државата поддржани од Унијата, која е силен и стратешки партнер како во процесот на пристапување на државата во европско семејство, така и во обезбедувањето на финансиска поддршка на низа значајни проекти, информира прес-службата на Министерството за транспорт.лв/са/

фото: Министерство за транспорт 

 

Остани поврзан