• петок, 22 ноември 2024

Николоски: За само десет дена најдов решение со Синохидро за Кичево-Охрид, до 2026 година ќе го завршиме автопатот

Николоски: За само десет дена најдов решение со Синохидро за Кичево-Охрид, до 2026 година ќе го завршиме автопатот

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека успеале за десетина дена да ги решат најголемите проблеми со Синохидро и да најдат решение за косините и свлечиштата. Во изминатиот период со изведувачот Синохидро се воделе интензивни разговори при што било постигнато решение, тие да се откажат од арбитражната постапка и со тоа да се заштедат 50 милиони евра пари од буџетот на државата.

Министерот Николоски во гостување на утринска програма на ТВ Сител нагласил дека во однос на техничките решенија со свлечиштата, се најдени две опции за санација на косините и дека со сите наследени проблеми, автопатската делница ќе биде завршена до крајот на 2026 година.  

-Објективниот проблем е со состојбата со теренот на трасата кај што не се гледа, а тоа над Кичево до Дебрца и тука тој терен е многу проблематичен. Седнавме со изведувачот и побарав да прават што ќе прават, да најдат решение и да се заврши. И очегледно таа беше формулата бидејќи во рок од десетина дена со интензивни раговори тие се откажаа од арбитражата каде што Македонија потнецијално ќе изгубеше 50 милиони евра, а тоа за земја како Македонија се многу пари. И втора работа е да се решат проблемите со свлечиштата и косините на еден модерен начин, рекол Министерот за транспорт.

Како што информираат од Министерството за транспорт, Николоски во гостувањето истакнал дека решенијата не се голема филозофија оти или ќе се оди со галерија, тоа е како тунел, не целосно затворање, тука само со покрив или опција е само со шипови за стабилизација на косините. Тој потенцирал дека до крај на 2026 година автопатот ќе биде завршен. сст/мд/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан