• сабота, 21 декември 2024

Николоски: До надлежните органи доставив три предмети за кои постои сомнеж за криминал со незаконско трошење на народните пари

Николоски: До надлежните органи доставив три предмети за кои постои сомнеж за криминал со незаконско трошење на народните пари

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - Очекувам Јавното обвинителство да биде поефикасно и да постапи по информациите содржани во ревизорскиот извештај. Јас лично доставив три предмети за кои сметам дека постои сомнеж за сторен криминал и очекувам Обвинителството да отвори постапки за нив, вели вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Тој во интервју за емисијата „Заспиј ако можеш”, на телевизија Алфа потенцирал дека два од трите доставени предмети се директно поврзани со наводите кои биле објавени од страна на Државната ревизија во извештајот за реализација на капиталните проекти.   

-И претходнo имавме индиции за можен криминал со буџетските пари. Но еве сомнежот го потврдуваат наводите на Државниот завод за ревизија во извештaјoт за реализација на капиталните инвестиции. Затоа и го повикав Министерството за внатрешни работи, а веќе доставив и три предмети од кои два директно се поврзани со информациите што ги објави државната ревизија. И затоа очекувам Обвинителството да биде поефикасно и веднаш да отвори постапка за нив, појаснил министерот Николоски.

Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, во однос на изградбата на автопатската делница Кичево - Охрид Николоски истакнал дека се детектирани три главни проблеми и тоа експропријацијата на земјиштето, која се уште не е завршена, нерешените имотно-правни работи со неколку бензински пумпи и лошо проктираните косини за кои потребно е да се направи репроектирање.

-Имам четири приоритети за ова лето и веќе реков дека тоа е одглавување на изградбата на Кичево-Охрид, изградбата на автопатските делници преку Бехтел, пругата и стабилизација и реорганизација на Железницата. Паралелно со тоа работиме на силна подршка за општнините со 100 милиони евра. Ќе имаме градежен бум во општините, на граѓаните им се потребни улици, патишта, водоводи, канализации, вели министерот Николоски во интервјуто. сст/дма/

фото принтскрин Алфа

 

Остани поврзан