Николоски: Државата ќе плаќа пенали кон Бехтел ако законски не се продолжи работното време
- Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ексклузивно во гостување во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител откри дел од договорот кој што Димитар Ковачевски и Артан Груби го потпишале со Бехтел, укажувајќи дека доколку законски не се измени работното време односно од 40 часа неделно не се зголеми на 60 часа, тогаш државата ќе плаќа пенали од три вида кон Бехтел, еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион 265 илјади евра на веќе постојни трошоци кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 илјади евра.
Скопје, 10 април 2023
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ексклузивно во гостување во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител откри дел од договорот кој што Димитар Ковачевски и Артан Груби го потпишале со Бехтел, укажувајќи дека доколку законски не се измени работното време односно од 40 часа неделно не се зголеми на 60 часа, тогаш државата ќе плаќа пенали од три вида кон Бехтел, еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион 265 илјади евра на веќе постојни трошоци кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 илјади евра.
Еве да дадам еден пример, и ова ексклузивно ќе оди за јавноста. Многу се зборуваше за зголемувањето на работната недела од 40 на 60 часа. Но што предвидува договорот кој што го има потпишано Артан Груби со Бехтел и Енка, вели: Доколку во рок од 45 дена по потпишување на договорот не се зголеми работната недела, значи владата во име на собранието презела обврска, иако во уставниот поредок е обратно, собранието ја бира владата, во тој случај ќе се плаќаат пенали од три вида, изјави Николоски.
Прво, еднократно државата ќе исплати на Бехтел 53 милиони евра пенали, потоа секој месец ќе доплаќа по 1 милион и 265 илјади евра на постојните трошоци кои што треба да се платат во договорот, или вкупно месечно 4 милиони и 185 илјади евра и трето на ова дополнително уште 900 илјади евра секој месец. Значи еднократно 53 милиони евра, и секој месец за промена на работното време од 40 на 60 часа. Значи доколку не се зголеми работното време од 40 на 60 часа неделно, Македонија ќе треба да плати еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион 265 илјади евра на веќе постојни трошоци кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 илјади евра пенали. Или еднократно 53 милиони евра и секој месец по 2 милиони 165 илјади евра во време траење на договорот, а договорот е дека автопатите треба да се завршат за 5 години.
Николовски додаде дека владата се обврзала дека на секоја делница ќе дава по 6 месеци рок на изведба, укажувајќи дека доколку има 5 делници ќе бидат потребни 7 и пол години.
И второ доколку ова не помине, се обврзале дека на секоја делница ќе даваат по дополнителни 6 месеци рок на изведба. Така што тие 5 години кои што беа споменувани дека ќе се завршат доколку има 5 делници тоа значи дека ќе бидат 7 и пол години., објасни Николоски.
Потпретседателот Николоски ги повика Груби и Ковачевски да одговорат дали ова е точно, бидејќи не го објавуваат договорот кој што го склучиле и потпишале.
Ова го споделувам вечерва, па нека одговорат дали е точно или не е точно, затоа што не го објавуваат договорот кој што го склучија и потпишаа, ги повика Николоски.
Николоски: Формирањето на работни групи за уставни промени е целосно кршење на Уставот и правото, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во нив
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во Тема на денот што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител уште еднаш јасно го кажа партискиот став дека нема да се дозволи влез на Бугарите во Уставот како дел од ваквата, актуелната Преамбула на Уставот. Тој посочи дека во делот на формирањето на работните групи се прави целосно кршење на правото и Уставот.
„Уставот е јасен, прво треба да имате одлука на Собранието со две третини за промена на Уставот, па се формира уставна комисија во рамки на Собранието, а не работна група, која подготвува нацрт промени кои поминуваат со 61 пратеник и тој текст потоа оди на јавна дебата и на крај поминува со две третини. Од власта не сакаат да ја почитуваат процедурата и се тераат наопаку и во такви измислени работни групи ние нема да учествуваме ни од правни ни од политички причини“, рече Николоски.
Потпретседателот Николоски посочи дека партијата даде предлози. Прв, да се оди на брзи предвремени избори и да се направи консензус по национален, политички и економски столб и врз чии основи ќе се оди кон преговори со ЕУ. Второ, тој посочи дека партијата понуди хрватски модел спомнат од самата Влада.
„И кога рековме ајде да ја препишеме хрватската преамбула, власта рече дека не сака да ја препише. Зошто? Бидејќи доколку се прифати нашиот предлог национална држава на Македонците и малцинствата кои живеат во неа ќе биде јасно каква држава е Македонија. Доколку се прифати предлогот на СДСМ и ДУИ Македонците ќе бидат израмнети со Бугарите, бидејќи сега малцинствата се како дел од народи, тоа е спротивно на историјата и реалноста и паѓаат во вода одлуките на АСНОМ, формирањето на македонската држава“, објасни Николоски.
И, додаде Николоски, тоа не е обична, туку суштинска промена. Според него, Македонија може да почне преговори без уставни измени, или средена Македонија внатре за што би требале некаде од шест месеци до една година, ќе биде нешто поинаку за ЕУ.
„Ние имаме идеја како да ја извадиме државата со тие три столба на пат кон ЕУ. Сега земјите членки не прават притисок врз Бугарија затоа што мислат дека Македонија не е подготвена за ЕУ поради криминалот и корупцијата“, рече Николоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.