• понеделник, 23 декември 2024

Николоски: Во сабота ќе се случи најголемиот собир досега

Николоски: Во сабота ќе се случи најголемиот собир досега
Скопје, 14 јуни 2022 Во сабота ќе се случи најголемиот собир виден години наназад во Македонија, има одлична атмосфера и во Скопје и низ цела држава, има силна енергија и еуфорија, насочена  локацијата каде ќе биде протестот пред владата, со цел рушење на оваа влада на СДСМ и ДУИ.  Очекувам преку 100.000 луѓе да дојдат на тој собир, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кај „Јанко Јади бурек“ на ТВ Сонце. Николоски истакна дека после толку масовен протест, одговорна влада ќе си замине но бидејќи владата на Ковачевски не е одговорна влада, ќе следат низа активности кои ќе доведат до предвремени парламентарни избори. - Ова ќе биде најголемиот собир кој треба да стави крај на ова владеење на СДСМ и ДУИ. Одговорна влада после таков собир треба да си замине. Не очекувам дека Ковачевски ќе рече дека си оди, но после тоа продолжуваме со протестно лето, кое ќе значи крај на оваа влада и очекуваме предвремени парламентарни избори. Ги повикувам граѓаните да бидат дел од оваа промена што се случува во Македонија, потенцираше Николоски. Тој посочи дека власта од страв од масовноста се обидува да ги одврати луѓето, тоа оди во две фази. - Првата фаза е со креирање афери или пресудата за одземање на имотот на партијата и кога видоа дека тоа не помина, сега одат со демотивирање на луѓето.  Прво вкупно полицијата има капацитет да запре 5 до 7 автобуси, а ние очекуваме 100.000 луѓе, толкава маса на луѓе што никој нема да може да ги запре, истакна Николоски. Николоски додаде дека секој кој мисли дека оваа влада не е добра и нечини ќе даде поддршка за протестот и појасни дека ќе има три рути за движење на истиот. - Ќе им три рути за движење, едната од пред Собрание, втората рута од кај Сити Мол во Карпош и третата од МТВ и ќе завршуваат пред владата. Оваа голема бројка која ја очекуваме нема да го исполни протестот, ќе има луѓе на местото Гоце Делчев и делот кај Пошта и за нив ќе има големи видео бимови да го следат настанот, рече Николоски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ——————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан