• четврток, 19 декември 2024

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ очекува поддршка од сите партии за измените на Законот за Влада

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ очекува поддршка од сите партии за измените на Законот за Влада
Скопје, 25 јануари 2022 (МИА) - Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во Собранието денеска истакна дека очекуваат поддршка од сите политички партии за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Влада, со цел да се избришат одредбите пред избори да се формира преодна, односно т.н. пржинска влада, кој вчера до Собранието го поднесе ВМРО-ДПМНЕ. - Од она што јавно го слушнав, сите политички партии се согласни со нашиот предлог, односно мислат дека времето на т.н. техничка пржинска влада заврши. Јас очекувам во текот на утрешната седница нашиот предлог да биде ставен на дневен ред на Собранието, да биде разгледан и да биде усвоен. Ова е уште едно подавање рака од наша страна, затоа што ние ова го нудиме од опозиција, а не од власт, што мислам дека доволно кажува, затоа што механизмот на техничка или пржинска влада е во корист на опозицијата. Ние доброволно се откажуваме од овој механизам со цел да го скратиме рокот потребен за организирање на избори од 100 дена колку што се предвидени со оваа техничка влада и да одиме на уставните 45 дена за организација на избори, што ќе скрати многу рокови, рече Николоски. Според Николоски, ова е уште еден аргумент да се оди на брзи предвремени избори, затоа што, како што рече, земјата „непотребно троши време“. - Од локалните избори до формирање на Влада, Македонија изгуби повеќе од 2,5 месеци. Извесно е дека ќе се случат избори, само прашањето е кога. Да не го губиме времето и да ги направиме веднаш, за да не заостане државата, истакна Николоски. фф/сп/

Остани поврзан