• петок, 22 ноември 2024

Николов: Штип продолжува во сигурни раце

Николов: Штип продолжува во сигурни раце
Штип, 13 декември 2020 (МИА) – Во ова време на пандемија Штип и штипјани покажаа демократија,  општествена одговорност и дека Штип ќе продолжи по патот на Европа, по патот во сигурни раце, рече Сашко Николов, објавувајќи победа на денешните избори за градоначалник на Штип, во присуство на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски. Тој оцени дека денеска  жителите на Штип демонстрирале одговорност и европска политика. -Покрај сите опструкции коишто ги имавме во времето на овој предизборен молк нашите сограѓани рака за рака денеска си го изгласаа идниот градоначалник на Штип и гласаа дека Штип продолжува по демократскиот пат за европски отворен и безбеден град за  сите наши деца, наведе Николовски Моите сограѓани, посочи Николовски, денеска ми дадоа обврска која што лично ја преземам за да го исправам градот пред предизвиците коишто доаѓаат пред нас. Тоа се рамноправност, тоа е грижа, тоа е потпора за секој еден граѓанин во оваа наша општина. Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев му посакува успешен мандат на Николов и успешна реализација на сите зацртани проекти, потенцирајќи дека нема сомнеж оти ќе го вложи сиот свој потенцијал за да му помогне на родниот град и да работи за доброто на сите негови сограѓани. Изборите, оцени, беа успешни, фер, слободни, демократски и најважно од се, безбедни за здравјето. Вечерва победи Штип и желбата да продолжи развојот на овој македонски град,  истакна Заев. Се заблагодари на штипјани што покажале чувство и свест за својот град и општина да продолжи да се развива. -Македонскиот народ, сите граѓани од Штип од сите етнички заедници има на што да бидат горди. Денеска граѓаните на Штип испратија порака и до бојкотирачот, блокирачот кој повторно избега од својот народ. Граѓаните го казнија неодговорното однесување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ кон Штип, кон центарот на македонскиот исток. Кажаа да за напредокот на Штип, да за грижа, одговорност и стабилност. Не за блокадите, не за бојкотот, не за лаги, стравови и хистерии. Не дозволува овој наш народ блокади, кочења, уназадувања, рече Заев. Според генералниот секратар на СДСМ Љупчо Николовски,  изборите биле безбедни по здравјето, а граѓаните покажале голема одговорност и сериозност почитувајќи ги сите протоколи, овозможувајќи му на Штип  да продолжи по модерниот и по европскиот пат којшто го зацрта Благој Бочварски, којшто со политиките на СДСМ и на Владата навистина даваат значајно влијание за Штип. -Покажавме дека можеме пресврт да направиме во истокот и со проекти и со капитални инвестиции и со грижа за граѓаните и со враќањето на парите назад кај граѓаните и со сите политики коишто ги преземеме во овој период. Токму затоа расте поддршката на СДСМ во овој регион. Истокот е веќе бастион на социјалдемократијата, треба да сме горди на тоа и да го продолжиме тој пат, наведе Николовски. Предвремените избори за градоначалник на Штип уследија по назначувањето на Благој Бочварски за министер за транспорт и врски, кој исто така упати честитки до Николов, потенцирајќи дека неговиот избор  ќе овозможи продолжение на проектите. - Можам да ве уверам дека Сашко ќе работи за сите вас и Владата ќе работи заедно со Општина Штип и ќе ја даде целата поддршка, рече Бочавсрки. Државната изборна комисија во последното известување информираше дека на предвремените избори за градоначалник на Општина Штип до 18:30 часот гласале 14 328 избирачи, односно 34.30 проценти. Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаа вкупно 41 177 гласачи.вдј/лв/ https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/379223256672424  

Остани поврзан