• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Николов и Начевски ќе ја делат правдата на финалето на Африканското ракометно првенство

Николов и Начевски ќе ја делат правдата на финалето на Африканското ракометно првенство
Египет, 18 јули 2022 (МИА) - Најдобрата ракометна судиска двојка од Северна Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, вечерва го судат финалето на Африканското првенство. Нашите арбитри се во центарот на финалниот натпревар помеѓу Египет и Зеленортските Острови. Тие, исто така, судеа во групната фаза и во елиминациските натпревари на Африканското првенство. Натпреварот меѓу Египет и Зеленортските Острови ќе се одигра вечерва од 21 часот. ар/бак/

Остани поврзан