• петок, 22 ноември 2024

Николовски: СДСМ е предводник на нови политики што носат родова еднаквост и поставуваат нови стандарди

Николовски: СДСМ е предводник на нови политики што носат родова еднаквост и поставуваат нови стандарди
Скопје, 7 март 2021 Генералниот секретар Љупчо Николовски вечерва се обрати на онлајн конференција на Форумот на жени организирана од Форумот на жени по повод Меѓународниот ден на жената - 8 март каде порача дека токму СДСМ и Форумот на жените се предводници во носењето нови политики кои поставуваат нови, современи стандарди. -Преку усвојувањето на Истанбулската конвенција и нејзиното спроведување, преку поддршката на женското претприемништво, преку механизмите за заштита на жената од родово базираното насилство создадовме плодна почва за натамошно унапредување на правата на жените во нашето општество.  И затоа, денес со гордост можеме да кажеме дека токму СДСМ, токму Форумот на жени се предводници во носењето нови политики кои поставуваат нови, современи стандарди.  Пред нас е време на носење важни одлуки кои имаат за цел позитивно да го трансформираат целото општество.  И добро е што токму Форумот на жени дава свој важен придонес во целиот процес преку свои мерки и политики, насочени кон унапредување на правата на жените, посочи Николовски. Генералниот секретар Николовски го повика Форумот на жени  да продолжи да биде гласен, да нудат конкретни решенија за унапредување на статусот на жената. -Во изминатите неколку години покажавте силен капацитет, јасна посветеност, политиките што ги креирате да станат системски решенија и во таа мисија заеднички успеваме. Ја користам оваа прилика да ви го честитам 8ми март и да ве повикам и да ве охрабрам да продолжите со важиот силен ангажман. Бидете гласни во вашата борба. Нудете решенија, давајте предлози за системски промени како што правите и досега. Наша заедничка цел е да изградиме општество на еднакви шанси за сите и тоа ќе го реализираме, порача Николовски. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ    ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан