• сабота, 21 септември 2024

Николовски: На највисоко ниво го реактивираме Советодавното тело со стопанските комори и асоцијациите

Николовски: На највисоко ниво го реактивираме Советодавното тело со стопанските комори и асоцијациите

Скопје, 20 септември 2024

На највисоко ниво е реактивирано Советодавното тело во кое покрај Царинската управа членуваат Стопанските комори, асоцијациите и здруженијата. По пауза од повеќе од две години денеска е одржан првиот состанок со кој претседаваше директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Од коморите го поздравија повторното активирање на Телото кое како што потенцираа е многу важно за успешност на реформските политики што ги спроведува Царинската управа, што ќе придонесе за зголемување на конкурентноста на македонската економија.

-Царинско-деловните односи подразбираат двонасочна комуникација и соработка, континуитет и уште поважно истите подразбираат посветеност на сите нивоа од двете страни и од наша страна, но и од страна на стопанството. Царинската управа спроведува реформски политики за олеснување на трговијата и транспортот, се со цел зголемување на конкурентноста на македонската економија и нејзино интегрирање во единствениот пазар на Европската унија. Со цел да обезбедиме успех на реформските политики потребно е да имаме редовни консултации со бизнис заедницата. Ова ќе ни овозможи добро владеење и успешност во спроведувањето на политиките, истакна Николовски.

 Царинска управа 

__________________________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан