• петок, 05 јули 2024

Никола Јокиќ прогласен за МВП во регуларниот дел од сезоната

Никола Јокиќ прогласен за МВП во регуларниот дел од сезоната
Вашингтон, 9 јуни 2021 (МИА) - Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ е прогласен за МВП (најкорисен играч) на регуларната сезона во НБА-лигата, објави инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Харанија. Србинот имаше просек од 26,4 поени; 10,8 скока; 8,3 асистенции; 1,3 украдени украдени топки и 0,7 блокади и ги одигра сите 72 натпревари. Јокиќ помогна на Денвер да заврши трет во Западната конференција. Тој беше избран од Нагетс на драфтот во 2014 година како 41-ви пик. Ниту еден играч со толку низок избор на драфтот никогаш не станал МВП. Годинава втори и третина изборот за МВП беа центарот на Филаделфија, Џоел Ембиид и ѕвездата на Голден Стејт, Стеф Кари. зс/

Тагови

Остани поврзан