• вторник, 24 декември 2024

Никола Ристановски добитник на гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ

Никола Ристановски добитник на гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ
Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) - Никола Ристановски е добитник на наградата гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора, за улогата д-р Стокман во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ. Како што соопшти НУ Македонски народен театар, оваа награда му ја додели жирито во состав: Тања Бошковиќ, претседател, и Славиша Чуровиќ и Тања Перишиќ, членови. Оваа награда, велат од МНТ, е трета по ред за истата улога по оние на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, и на фестивалот „НОВ ТВРДИНА ТЕАТАР“, Србија. Истовремено, додаваат од Македонскиот народен театар, таа е и уште една театарска награда во низата награди која тој ја добива, а со тоа е и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар. сст/са/

Остани поврзан