• сабота, 16 ноември 2024

Никодиновска: Со ДПМНЕ и ЗНАМ балансерот ќе стане закон 

Никодиновска: Со ДПМНЕ и ЗНАМ балансерот ќе стане закон 

Скопје, 14 октомври 2024

 

Прес-конференција на Маја Никодиновска

,,По бурата реакции за одлуката на Уставниот суд да го укине фамозниот балансер, како алатка за вработување според етничката припадност во државните институции - партиите на олигархијата се впуштија во нови авантури.

Владата предводена од ДПМНЕ ЗНАМ и ВРЕДИ, преку Законот за правична застапеност се обидува да ја релативизира и заобиколи одлуката на Уставниот суд, и политиката на т.н. правична застапеност да ја продолжи и во иднина, но овој пат озаконета.

Во прилог на ова зборуваат изјавите, како на вицепремиерот Изет Меџити така и на Министерот за дигитална трансформација, Андоновски, кој вели дека „со или без балансер владата ќе остане фокусирана на правичната застапеност во администрацијата“.

Механизмите што ја фаворизираат етничката припадност пред стручноста се во основа неисправни и подложни на злоупотреби.

Потребно е да се стави крај на уништувањето на функционалноста на државата и нејзините институции. Наместо да се запрат сите штетни процеси, секоја идна Влада дава свој придонес во продлабочувањето на агонијата за обичните луѓе. Македонија мора да се ослободи од мафијашките интереси кои го кочат прогресот на државата, во секое поле."

Со почит, 
Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица 

Фото: МИА архива

видео: ПП Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан