• понеделник, 23 декември 2024

Ники Минаж вознемирена од лажните „Дипфејк“ видеа каде што е во врска со Том Холанд

Ники Минаж вознемирена од лажните „Дипфејк“ видеа каде што е во врска со Том Холанд

Лондон, 13 јули 2023 (МИА) - Американската музичарка Ники Минаж изреагира на лажните „Дипфејк“ видеоснимки што се шират на интернет и каде што со глумецот Том Холанд се прикажани како љубовна двојка.

„Само што се вративме од меден месец“, вели лажниот Холанд, облечен во тропска кошула и бермуди. Лажната Минаж, облечена во иста облека, додава: „Том ги спушти торбите и јас веднаш почнав да го следам“. Глумецот продолжува: „Првото нешто што го забележав беше ужасниот мирис на варени јајца“... А, првиот сосед им е лажниот Марк Цукерберг.

Раперката која се омажи за Кени Пети во 2019 година, вознемирена поради лажното видео, на својот интернет-простор напиша дека се надева оти „целиот интернет ќе биде избришан“.

Како што соопшти ИТВ, се работи за првата ваква продукција во Велика Британија и светот - наративна серија од шест епизоди што користи „Дипфејк“ технологија и прикажува неколку познати личности во случки со „урбана драма“... Всушност, станува збор само за нивните лица кои со најсовремена технологија на видеомонтажа, „се залепени“ на други глумци.

„Ја користиме најновата технологија со вештачка интелигенција за да ги претвориме најдобрите нови британски импресионисти во најпознатите славни лица во светот - само што овде тие се обични луѓе кои случајно се вплеткани во ситни глупави соседски расправии“, се вели во известувањето на ИТВ.

Во проектот, се наведува, ќе бидат прикажани и лицата на лажни Ким Кардашијан, Аријана Гранде и Грета Тунберг. Според реакцијата на Ники Минаж, се чини, славните не дале дозвола за користење на нивните лица на овој начин. си/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан