• четврток, 19 декември 2024

Никифоров: Украина е подготвена да разговара за прекин на огнот и мир

Никифоров: Украина е подготвена да разговара за прекин на огнот и мир
Киев, 25 февруари 2022 (МИА) - Прес секретарот на украинскиот претседател, Серхиј Никифоров вечерва на Фејсбук објави дека „Украина е подготвена да разговара за прекин на огнот и мир, а во тек се консултации за местото и времето на преговарачкиот процес со Русија“, пренесе украинската агенција Укринформ. „Честитки колеги! Морам да ги отфрлам наводите дека одбиваме да преговараме. Украина беше и останува подготвена да зборува за прекин на огнот и мир. Ова е нашиот постојан став. Се согласивме со предлогот на претседателот на Руската Федерација. Овие часови се водеа консултации меѓу страните за местото и времето на преговарачкиот процес.Колку побрзо почнат преговорите, толку се поголеми шансите за враќање во нормален живот“, напиша Никифоров.сд/

Остани поврзан