• недела, 24 ноември 2024

Нигерија: Смртниот биланс од неодамнешниот терористички напад се зголеми на 88 лица

Нигерија: Смртниот биланс од неодамнешниот терористички напад се зголеми на 88 лица
Кадуна, 6 јуни 2021 (МИА) - Најмалку 88 лица загинаа во вооружениот терористички напад што се случи во провинцијата Кеби во Нигерија. Портпарол на полицијата во тој нигериски регион Нафиу Абубакар изјави дека идентитетот на напаѓачите кои на 3 јуни извршија вооружени напади на осум места, сè уште не е откриен. - Досега пронајдовме тела на 88 убиени лица, рече Абубакар, додавајќи дека нигериските сили спроведуваат обемна антитерористичка операција за пронаоѓање на напаѓачите. Истрагата за нападот е во тек, а сличен напад во тој нигериски регион се случи во април годинава кога беа убиени деветмина полицајци, а напаѓачите никогаш не беа пронајдени. ссм/  

Остани поврзан