• недела, 24 ноември 2024

Не се закажани разговори меѓу Макрон и Путин пред посетата на францускиот претседател на Вашингтон

Не се закажани разговори меѓу Макрон и Путин пред посетата на францускиот претседател на Вашингтон

 

Париз, 25 ноември 2022 (МИА) - Шефот на француската држава Емануел Макрон нема закажан состанок со неговиот руски колега Владимир Путин пред неговата државна посета на Соединетите држави што ќе се одржи следната недела, јави дописникот на МИА.

Како што соопшти Елисејската палата: „Претседателот нема средба со претседателот Путин на неговата агенда пред посетата на САД“, „Неговите разговори со претседателот (Владимир) Путин не се индексирани на оние што тој може да ги има со претседателот (Џо) Бајден“,изјави за новинарите советник на претседателот.

Емануел Макрон во вторник навечер ќе пристигне во Вашингтон во државна посета. Советникот на претседателството увери дека разговорот ќе се одржи „прилично брзо“, притоа прецизирајќи дека сè уште не е одреден датум. Во средината на ноември, Елисејската палата навести дека Макрон ќе го повика Поутин по Г-20, што се одржа на 15 и 16 ноември во Индонезија.

Потоа, во средата, Емануел Макрон изјави дека има намера да има „директен контакт со него (Владимир Путин) во наредните денови за темите на цивилната нуклеарна енергија на прво место и електраната Запорожје“.

Последната официјална телефонска средба меѓу двајцата претседатели датира од 11 септември. Разговорите со шефот на руската држава се одвиваат според потребите и „не на рутинска основа“, реагираше Елисејската палата.

Емануел Макрон сака да го потсети својот руски колега за барањата на Франција: „руските трупи да ја напуштат Украина и да се обноват суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, објаснуваат од Елисејската палата. Тој, исто така, работи на обезбедувањето на нуклеарната централа во Запорожје (јужна Украина) окупирана од Русите, „која веќе беше во срцето на еден разговор, дури и два разговор со претседателот (Владимир) Путин“, додава Елисејската палата.

„Она што го разбираме е дека постои начелен договор од Русите за формирање на оваа заштитна зона, но модалитетите се доста деликатни и има уште работа да се направи“, рече советникот. Неопходно е „да се одржи голем притисок врз сите актери бидејќи (...) никој, без разлика дали е Русин или Украинец, не може да си игра со безбедноста на централата“, додаде тој.

Во однос на излезот од конфликтот преку преговори, француски дипломатски извор смета дека ниту една од двете страни „нема вистинска желба да преговараат“, бидејќи тие засега се „убедени дека во наредниот период ќе ја вратат предноста на теренот“. За руските и украинските власти „тоа е време на војна, а не време за дискусии или дипломати“, продолжи дипломатскиот извор, кој заклучува: „Убедени сме дека овој конфликт ќе трае“.тг/

Остани поврзан