• понеделник, 23 декември 2024

Нејмар по повеќе од еден месец утре се враќа во тимот на ПСЖ 

Нејмар по повеќе од еден месец утре се враќа во тимот на ПСЖ 
Париз, 20 март 2021 (МИА) – Бразилскиот напаѓач во редовите на ПСЖ, Нејмар, по пауза од шест недели поради повреда, утре ќе се врати во составот на актуелниот француски фудбалски првак, потврди вечерва тренерот Маурисио Покетино. - Нејмар е на списокот играчи за утрешниот натпревар. Многу сме задоволни што повторно е со нас. Тоа е голем чекор напред и за него, и за целиот тим, изјави Покетино на прес-конференција пред неделниот дерби натпревар против Лион во рамки на 30. коло во францускиот шампионат. Покетино навести дека е малку веројатно оти Нејмар ќе биде во почетниот состав, нагласувајќи дека неговото враќање на теренот мора да се одвива постепено и внимателно. Пари Сен – Жермен (ПСЖ) е второпласиран на табелата со 60 бодови, колку што има и утрешниот противник Лион на третото место, три бодови помалку од лидерот Лил. ег/

Остани поврзан