• вторник, 26 ноември 2024

Неш: Имам корист од привилегијата на белите

Неш: Имам корист од привилегијата на белите
Вашингтон, 10 септември 2020 (МИА) – Тренерот на Бруклин, Стив Неш се согласи со ТВ водителот Стивен Смит дека се вработил во Нетс поради бојата на кожата. Претходно Смит изјави дека Неш ја има таканаречената „бела привилегија“. - Имам корист од привилегијата на белите. Нашето општество има уште многу да научи. Не сум сигурен дека мојата задача е соодветен пример, но разбирам дека е важно да се зборува за тоа, истакна Неш. Изјавата на Неш доаѓа во време кога во САД на разни начини луѓето протестираат против расната дискриминација. зс/

Остани поврзан