• понеделник, 18 ноември 2024

Нетанјаху по убиството на тројцата заложници во Газа: Ќе ги научиме лекциите, но часовникот не можеме да го вратиме

Нетанјаху по убиството на тројцата заложници во Газа: Ќе ги научиме лекциите, но часовникот не можеме да го вратиме

Тел Авив, 16 декември 2023 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва на прес-конференција во тел Авив кажа дека вчерашното трагично убиство на тројцата израелски заложници од страна на ИДФ „го скрши моето срце, ги скрши срцата на нацијата“. Но, нагласи тој, копнената операција на ИДФ ќе продолжи, а војната ќе продолжи се додека Хамас не биде уништен.

-Ние се бориме за нашето постоење, кажа Нетанјаху, „и мораме да продолжиме до победата и покрај меѓународниот притисок и загубите што Израел ги трпи“, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Тој кажа дека жали за „трагичната смрт на нашите тројца заложници“ - Јотам Хаим, Самар Талалка, Алон Шамриз – кои по грешка беа убиени вчераутро од војниците на ИДФ.

-Тие дојдоа до спасот а потоа се случи катастрофата, додаде израелскиот премиер.

Тој јажа дека и самиот се прашувал, како што несомнено и сите Израелци се прашувале: „Што ако…“ и „Да беше само нешто поинаку…. Бевме толку блиску да ги прегрнеме“.

-Но, не можеме да го вратиме часовникот назад, додаде тој, истакнувајќи дека сите војници знаат дека „растојанието помеѓу победата и катастрофата е влакно“.

„Ќе ги научиме лекциите“, вети тој и нагласи дека Израел ќе ги задржи „воените и дипломатските напори да ги врати назад сите заложници“, пренесе „Тајмс од Израел“. сд/

Остани поврзан