• понеделник, 23 декември 2024

Нетанјаху: По завршувањето на примирјето продолжува војната против Хамас

Нетанјаху: По завршувањето на примирјето продолжува војната против Хамас

Тел Авив, 29 ноември 2023 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека по завршувањето на примирјето, Израел ќе ја продолжи офанзивата во Појасот Газа, чија примарна цел е уништување на палестинската милитантна група Хамас. 

-Главните цели се елиминација на терористичката група која владее со Газа и враќање дома на сите заложници киднапирани на 7 октомври, рече Нетанјаху во видео-обраќање, пишува денеска “Тајмс оф Израел“.

Израелскиот премиер додаде дека приоритет е да се осигура дека енклавата никогаш повеќе не претставува закана за Израел. 

-Последниве денови го слушам прашањето: Дали Израел ќе се врати на борбите откако ќе заврши оваа фаза на враќање на нашите заложници? Мојот одговор е недвосмислено-да, рече Нетанјаху во видео обраќањето. сд/

фото:х

Остани поврзан