• среда, 27 ноември 2024

Нетанјаху: Откриено дека Хезболах подготвувал инвазија врз Израел

Нетанјаху: Откриено дека Хезболах подготвувал инвазија врз Израел

Ерусалим, 24 октомври 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел открил заговор за напад на либански Хезболах преку подземните тунели.

За францускиот CNews израелскиот премиер изјави дека нападот, доколку планот успеел, ќе бил многу поштетен од нападот на палестинскиот Хамас од Газа на 7 октомври минатата година.

-На двесте метри од границата ние најдовме тунели, тунели во кои се подготвуваше инвазија на Израел, напад уште поголем од 7 октомври, изјави Нетанјаху, пренесуваат израелските медиуми.

„Со џиппови, мотори, ракети, проектили. Тие ја планираа инвазијата“, додаде израелскиот лидер.

Претходно овој месец, Нетанјаху за весникот Фигаро изјави дека израелската војска во магацините за оружје на Хезболах пронашла софистицирана руска воена опрема.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан