• сабота, 21 декември 2024

Нетанјаху инсистира на контрола на Филаделфискиот коридор и покрај критиките одОАЕ и Египет

Нетанјаху инсистира на контрола на Филаделфискиот коридор и покрај критиките одОАЕ и Египет

Каиро, 5 септември 2024 (МИА) - Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху истакна дека неговата земја мора да ја задржи неограничената контрола над границата на Газа со Египет, додека САД развиваат нов предлог за прекин на огнот и ослободување на заложниците. Прашањето за контролата над „Филаделфискиот коридор“ е централна пречка во преговорите. Хамас бара целосно повлекување на Израел од Газа во повеќефазен договор.

Египет, кој посредува во преговорите заедно со САД и Катар, побара израелските трупи да се повлечат од коридорот, додека Обединетите Арапски Емирати исто така го критикуваа ставот на Израел.

Нетанјаху, пак, го повтори ставот дека Израел мора да ја задржи контролата на границата за да спречи вооружување на Хамас преку криумчарење оружје во Газа, и дека тоа е витален дел од воените цели.

- Газа мора да биде демилитаризирана, а тоа може да се случи само ако Филаделфискиот коридор остане под цврста контрола,  рече израелскиот премиер, додавајќи дека трупите откриле десетици тунели под границата.

Тој додаде дека Израел ќе размисли за повлекување од коридорот само кога ќе има алтернативни сили што ќе го надгледуваат.

- Доведете ми некого што навистина ќе ми покаже... дека навистина може да го спречи повторното криумчарење, рече и додаде: Не гледам дека тоа се случува во моментов. И додека не се случи, ние сме тука. ссм/

фото: архива

Остани поврзан