• петок, 22 ноември 2024

Нетанјаху изјави дека нападите врз Газа би можеле да продолжат во 2025 година

Нетанјаху изјави дека нападите врз Газа би можеле да продолжат во 2025 година

Тел Авив, 17 јануари 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападите врз Појасот Газа би можеле да продолжат во 2025 година, јавува Анадолија.

Нетанјаху даде одредени оценки за нападите на Израел врз Газа на состанокот во Биру Себа, во близина на Појасот Газа, на кој присуствуваа високи безбедносни претставници, како и локални претставници, објави израелскиот „Канал 12“.

Според медиумскиот извештај, Нетанјаху на официјалните лица на состанокот им рекол дека „според сегашната проценка, израелските напади врз Газа би можеле да продолжат и следната година“.

Локалните власти му кажале на Нетанјаху дека повеќето Израелци кои го напуштиле регионот каде што живееле, поради ракетни напади од Газа и други безбедносни причини, и не сакаат да се вратат во пограничните региони.

Началникот на Генералштабот Херзи Халеви, на состанокот со Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант, изјави дека „добивките постигнати како резултат на нападите во Газа, кои траат повеќе од три месеци, може да бидат изгубени поради неањето план за управување и безбедност на регионот“, јави „Канал 12“.

- Се соочуваме со ерозија на претходните успеси во војната бидејќи не е креирана стратегија за следниот ден, рече Халеви.

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари во изјавата од 1 јануари рече дека очекуваат нападите врз Газа да продолжат во текот на 2024 година, потсетува Анадолија. ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан