• понеделник, 25 ноември 2024

Нетанјаху за одлуката на ОН: Ги охрабруваат терористите ширум светот

Нетанјаху за одлуката на ОН: Ги охрабруваат терористите ширум светот
Тел Авив, 27 мај 2021 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска експресно реагираше на одлуката на ОН да почеток на меѓународна истрага за злосторствата во Газа, изјавувајќи дека смета дека овој чин ги охрабрува терористите ширум светот. -Денешната срамна одлука е уште еден пример за анти-израелската опсесија на Обединетите нации. Уште еднаш, мнозинството во Советот за човекови права застана во одбрана на геноцидна терористичка организација која намерно се насочува кон израелски цивили, истовремено претворајќи ги цивилите од Газа во жив штит, рече израелскиот премиер во изјавата.
https://twitter.com/netanyahu/status/1397971484149178370?s=20 Нетанјаху оцени дека „оваа пародија го исмева меѓународното право и ги охрабрува терористите ширум светот“. Советот за човекови права на ОН денесдка во Женева донесе одлука да отвори меѓународна истрага за злосторствата извршени за време на 11-дневниот конфликт меѓу Израел и палестински Хамас во Газа. -Несомнено е дека Израел има право да го брани својот народ. Меѓутоа, и Палестинците, исто така, имаат права. Истите права, изјави Високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Бачеле и ги повика израелските власти „веднаш да го запрат процесот за иселување на палестинските семејства во согласност со израелските обврски и врз основа на меѓународното право “.
   

Остани поврзан