Нетанјаху: Борбата против антисемитизмот е битка за иднината на цивилизацијата
- „Расизмот постоел и во текот на историјата. Тоа не е антисемитизам“, им рече Нетанјаху на учесниците во Меѓународниот конгресен центар во Ерусалим, објави „Тајмс оф Израел“.
Тел Авив, 27 јануари 2026 (МИА) - Борбата против антисемитизмот е глобална битка за иднината на цивилизацијата, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на церемонијата на отворањето на Меѓународната конференција за борба против антисемитизмот.
„Расизмот постоел и во текот на историјата. Тоа не е антисемитизам“, им рече Нетанјаху на учесниците во Меѓународниот конгресен центар во Ерусалим, објави „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека антисемитизмот почнал како верување пред 2.500 години, 500 години пред раѓањето на христијанството, со идеолошки напад врз Евреите, кој се променил низ вековите.
Претходно вчера, Нетанјаху го поздрави враќањето на телото на Ран Гвили, последниот заложник држен во Газа.
„Рековме дека ќе го вратиме“, рече Нетанјаху додавајќи дека Гвили е херој на Израел.
Израелскиот премиер посочи дека во Газа повеќе нема заложници и дека ова е огромно достигнување за „израелските херојски сили, војници и команданти“.
Обраќајќи се кон младите Евреи, кои се соочуваат со непријателство во странство, Нетанјаху повика на пркос.
„Не плашете се. Зборувајте, станете. Возвратете“, рече тој.сд/ми/
Фото: