• петок, 22 ноември 2024

Неочекуван дует на „Коачела фестивалот“

Неочекуван дует на „Коачела фестивалот“
Лос Анџелес, 26 април 2022 (МИА) - Били Ајлиш ја изненади публиката на „Коачела фестивалот“ во саботата навечер изведувајќи неколку песни со пејачката од бендот „Парамор“, Хејли Вилијамс. - О, погледнете! Празно столче. За кого е тоа?!, ги праша Ајлиш насобраните луѓе по што ја покани својата драга колешка на сцената. - Може ли, сите ние, да ѝ посакаме добредојде на мојата пријателка Хејли Вилијамс!? https://www.youtube.com/watch?v=4Af8bGKUXJ0 Меѓу песните беше и култната „Misery Business“ на „Парамор“ од 2007 година. Изненадувачкиот дует стана хит на интернет.  си/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан