• петок, 22 ноември 2024

Нема прекин на меѓународниот сообраќај на граничниот премин „Меџитлија“

Нема прекин на меѓународниот сообраќај на граничниот премин „Меџитлија“

Битола, 8 февруари 2024 (МИА) - Протестот на земјоделците во северниот дел на Грција не влијае врз меѓународниот сообраќај и нема пречки, ниту чекање на граничниот премин „Меџитлија“, потврдија за МИА вработени во македонската царина и полиција.

Битолчани во изминатите денови непречно патуваа за Лерин и останати дестинации во соседна Грција, а и грчки државјани непречно доаѓаат во битолската чаршија, што е забележливо од присуството на возила со грчки таблици.

Граѓаните се информирани за протест на земјоделците во Грција, кој се одвива до првото населено место Ники според кое се именува и граничниот премин од грчка страна, но службена информација од грчката до царинската служба на македонска страна за евентуална блокада на преминот нема, потврдија за МИА. мт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан