• недела, 22 декември 2024

Нема преживеани во авионската несреќа во Бразил

Нема преживеани во авионската несреќа во Бразил

Сао Паоло, 9 август 2024 (МИА) - Нема преживеани во авионската несреќа во Бразил, објавија американските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.

Претходно денеска во јужната бразилска држава Сао Паоло се урна патнички авион со 62 лица.

На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како леталото удира во дрвја, по што од местото на несреќата почнал да се издига густ облак од црн чад.

Авионот од моделот АТР-72 имаше капацитет да превезува 68 луѓе.

Се урна во станбена зона во градот Винедо.

Никој на теренот не е повреден. Оштетена е само една зграда.

Авионот, кој бил во сопственост на бразилската авиокомпанија „VoePass“, бил на домашен лет меѓу градовите Каскавел, во јужната држава Парана, и Гуаруљос, во државата Сао Паоло. Во авионот имало 62 лица - 58 патници и четиричлен екипаж.

На местото на несреќата веќе се екипи на противпожарната и итната медицинска помош. мс/

фото: Принтскрин

Остани поврзан