Нема колективен имунитет без вакцинирање на децата против Ковид-19
- Колективен имунитет на Ковид-19 не може да биде постигнат без вакцинирање на децата и младите луѓе, предупреди денеска германското Здружение за имунолози
Берлин, 6 јули 2021 (МИА) - Колективен имунитет на Ковид-19 не може да биде постигнат без вакцинирање на децата и младите луѓе, предупреди денеска германското Здружение за имунолози.
- Колективен имунитет се стекнува кога се заштитени од 60 до 70 проценти од граѓаните. Тоа значи дека вирусот не може да се размножува кај овие луѓе. Но, кај Ковид-19 е нешто поразлично, бидејќи луѓето можат да го пренесат вирусот, иако тие самите не се болни, биле вакцинирани и биле асимптоматски, истакна заменик-претседателот на Здружението, Рајнхолд Форстер.
Тој додаде дека ситуацијата со делта сојот е влошена, бидејќи тој е позаразен и повеќе ги погодува младитге луѓе и децата.
- Додека не се вакцинира оваа група, нема да добиеме колективен имунитет, посочи Ферстер. ми/