• понеделник, 23 декември 2024

Нема да дозволиме злоупотреба на службената положба, велат од ДИЖС по апсење инспектор за животна средина

Нема да дозволиме злоупотреба на службената положба, велат од ДИЖС по апсење инспектор за животна средина
Скопје, 22 април 2021 (МИА) - Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека денешното апсење државен инспектор за животна средина заради сомневање дека примил поткуп е доказ за, како што велат, дека се решени да се пресметаат со корупцијата и да ја вратат довербата во институциите. Очекуваат надлежните органи детално да го истражат случајот со цел негово решавање во согласност со законот. -Нема да дозволиме злоупотреби на службената положба. Одлучни сме да застанеме на патот на корупцијата која е составен дел на криминалот во животната средина, се вели во соопштението. Од Државниот инспекторат за животна средина посочуваат дека го осудуваат секој обид на инспекторите да остварат материјална корист од прикривање  законски прекршувања на загадувачите. мд/скс/  

Остани поврзан