• понеделник, 23 декември 2024

Незири: Албанската опозиција од бојкот на Парламентот премина во посети на собраниски канцеларии

Незири: Албанската опозиција од бојкот на Парламентот премина во посети на собраниски канцеларии

Скопје, 30 јануари 2024 (МИА) - Ултиматумите на т.н опозиција почнаа да се претвораат во молитви упатени до претседателот на Собранието во врска со изброт на нивен член во Државната изборна комисија, изјави денеска Аднан Незири, координатор на пратеничка група на Алијанса за Албанците, во реакција на изјавата на пратеникот Фадил Зендели од Европскиот сојуз за промени, кој денеска од новиот собраниски спикер Јован Митрески побарал да се деблокира процесот за избор на член на ДИК. 

-Од бојкотот на Парламентот преминаа на посети на собраниските канцеларии. Повторуваме, правото да се биде член на ДИК е право од кое не може да се отстапи со добра или лоша желба на претседател на парламентот, кој и да е тој, но тоа е право што се добива со гласот на народот на последните избори. И на последните избори народот реши да ѝ го додели местото на ДИК на Алијансата за Албанците. Свое место во ДИК има и Фадил Зендели и Движењето Беса преку СДСМ, бидејќи беа во коалиција, исто така Изет Меџити е претставен преку ДУИ, рече Незири.

Тој го повика Зендели да оди кај Митрески и да побара од СДСМ еден од тројцата членови што ги има во ДИК.

-Затоа посакуваме, единствениот пратеник што му остана на Движењето Беса, Фадил Зендели, да отиде кај претседателот на Собранието, г. Јован Митревски, кадар на СДСМ, и да побара од СДСМ еден од тројцата членови што ги има во ДИК, додека членот на албанската опозиција е на Албанците и на Алијансата за Албанците, а не на СДСМ, рече Незири.

Претходно, по средбата со Митрески, Зендели во изјава за медиумите рече дека процесот за избор на нивен член на ДИК е заглавен кај претседателката на Комисијата за прашања на избори и именувања, Марија Георгиевска и доколку таа во наредните денови не ја деблокира работата на Комисијата, најави кривична пријава против неа. Посочи дека целата постапка се искомплицирала од претходниот претседател на Собранието Талат Џафери, кој како што рече, дал можност на една новоформирана партија која нема законски надлежности да преземе член на ДИК. нд/фф/

Фото: МИА архива

Остани поврзан