• петок, 22 ноември 2024

Незапирливиот Хари Кејн: Англичанецот стрелец против сите 17 бундеслигаши против кои играл

Незапирливиот Хари Кејн: Англичанецот стрелец против сите 17 бундеслигаши против кои играл

Минхен, 2 септември 2024 (МИА) - Минатиот викенд фудбалерите на Баерн Минхен на домашен терен го совладаа Фрајбург (2:0), а овој натпревар го одбележа најдобриот стрелец на Баварците – Хари Кејн.

Имено, капитенот на фудбалската репрезентација на Англија доби награда за феноменалната дебитантска сезона која ја имаше во дресот на германскиот великан пред средбата.

Еден од најдобрите голгетери на денешницата минатата натпреварувачка година за клубот од „Алијанц Арена“ одигра 45 натпревари и постигна 44 гола, а 12 пати им асистираше на соиграчите.

А колку е голем играч, Англичанецот докажа и на мечот против Фрајбург, каде го постигна првиот гол за својата екипа, додуша од пенал и постигна извонреден успех.

За што се работи? Хари Кејн со својот гол против Фрајбург успеа да се запише во листата на стрелци против секоја од 17-те екипи против кои играше во Бундеслигата и со тоа покажа дека е вистинска гол-машина. дс

Фото: Архива

Остани поврзан