• недела, 22 декември 2024

Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје поднесе трета кривична пријава до ОЈО Скопје

Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје поднесе трета кривична пријава до ОЈО Скопје

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе трета кривична пријава за, како што велат, фалсификат направен врз синдикатот, спроведен во Министерството за социјална политика, демографија и млади, а реализиран во Министерство за одбрана.

- Кривичната пријава е поднесена против 17 лица поради основано сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик и „злосторничко здружување“ по член 394 од Кривичниот законик, кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 од Кривичниот законик и кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ по член 380 од Кривичниот законик, стои во сопштението. 

Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје информира дека се работи за група од осум припадници на Армијата (З.П. О.Г, С.Д, С.С.Ф.Л, А.П, С.К, И.И), двајца поранешни припадници во Армијата (А.А, С.Г), две лица вработени во Министерството за социјална политика, демографија и млади (Р.Л, Л.К), едно лице вработено во банка (Д.Н) и четири цивилни лица.

-Дел од оваа криминална група се во блиска роднинска врска меѓу себе и се дел од претходни кривични пријави доставени до ОЈО од страна на синдикатот. Целта на оваа група е придобивање на финансиски средства на незаконски начин и уништување на Независен синдикат на професионални војници СО Скопје. Се надеваме дека ОЈО Скопје бргу ќе реагира на овие пријави со цел да се спречи дејствувањето на оваа криминална група, се наведува во сопштението. мд/aa/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан