• петок, 28 јуни 2024

Неексплодирана направа од 2001 година најдена во двор на куќа во Шемшово

Неексплодирана направа од 2001 година најдена во двор на куќа во Шемшово
Тетово, 22 септември 2021 (МИА) - Жител на тетовско Шемшово додека копал во дворот нашол неексплодирана направа, па ги повикал надлежните институции да ја отстранат. Полицијата добила повик од 76 годишниот А.Ш. од тетовско Шемшово, кој пријавил дека пронашол неексплoдирана тромблонска мина. - Извршен бил увид и било констатирано дека мината потекнува од 2001 година, по што била подигната и транспортирана од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. ас/цр  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан