• петок, 05 декември 2025

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Скопје, 7 јули 2025 (МИА) - Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 209 примероци од 45 мерни места.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 30.06.2025 до 04.07.2025 зема 209 примероци за физичко-хемиска и 209 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци офговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење,  се вели во соопштението од „Водовод и канализација“ - Скопје.

Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. сст/лв/

Фото МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан