• петок, 21 јуни 2024

Недела неработен ден за граѓаните од муслиманска вероисповед

Недела неработен ден за граѓаните од муслиманска вероисповед

Скопје, 13 јуни 2024 (МИА) – Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 16 јуни 2024 година (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед им го честита празникот Курбан Бајрам. ра/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан