• недела, 19 мај 2024

Недеви на карате семинар со Шихан Сеизо Изумија 8 дан

Недеви на карате семинар со Шихан Сеизо Изумија 8 дан

Валета, 26 ноември 2023 (МИА) – Во Валета, Малта, викендов македонските каратисти Венцислав, Дејан и Камелија Недеви учествуваа на ЈКА карате семинар со светската карате легенда Шихан Сеизо Изумија 8 дан, генерален директор на ЈКА. 

- На семинарот учествуваа над 300 каратисти од повеќе европски земји меѓу кои и Македонија, преставена од Македонската традиционална карате федерација, информираа од МТКФ.

Шихан Изумија е повеќекратен светски шампион во кати и борби во ЈКА и ИТКФ ученик на легендарните карате мајстори Масатоши Накајама и Хидетака Нишијама. зс/

Остани поврзан