• четврток, 19 декември 2024

Невреме во Нови Сад, во некои делови од градот нема струја и вода

Невреме во Нови Сад, во некои делови од градот нема струја и вода

Нови Сад, 19 јули 2023 (МИА) - Невремето што попладнево ги зафати Хрватска и Словенија стигна и до Нови Сад, каде што врне силен дожд и дува ветер, кој урива дрвја и огради, а се креваат и големи облаци од прашина.

Во некои делови од градот нема вода и струја. 

Граѓаните пријавуваат материјална штета.

На повеќе места има одлетани ќерамиди и делови од покриви.

На Футошкиот пат има паднати дрвја на коловозот и граѓаните известуваат дека е невозможно минување. паг/

Фото: МИА архива
 

Остани поврзан