• сабота, 23 ноември 2024

Невработените млади од Куманово да се пријават за практиканство повикаа од Центарот за вработување

Невработените млади од Куманово да се пријават за практиканство повикаа од Центарот за вработување
Куманово, 26 септември 2022 (МИА) - Кумановскиот Центар за вработување денеска ги повика младите, невработени лица да се пријават за мерката-практикантство, дел од оперативниот план на активни мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за тековната година. За оваа мерка можат да се пријават младите, активни баратели на работа до 34 години со завршено средно образование. Практикантството во избраната фирма трае три месеци. - Цел на оваа мерка е стекнување праска, знаење, вештини за извршување на работните задачи и на овој начин да станат поконкурентни на пазарот на труд. Оние кои ќе се вклучат во мерката добиваат бруто месечен надоместок од 9.000 денари во кое е вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување, професионална болест и данок на личен доход, изјави раководителката на Центарот за вработување Куманово, Марија Димитријевска. Работодавците имаат можност да продуцираат свој кадар, обучувајќи го на местото каде се извршуваат работните задачи. - Досега во мерката практикантство на ниво на Куманово има 130 договори, дел од нив веќе завршија и останаа на работното место. Огласот уште е отворен. Ги повикувам заинтересираните да се пријават, повика Димитријевска. Практикантството овозможување надоградба на знаењата, стекнати во образованиот процес. Интерес во Куманово има за продавачи, фризери, маникири, педикир, администратори, за работници во производство, сметководители, адвокатските канцеларии бараат практиканти како и граѓанскиот сектор. Во Куманово според последните обработени податоци од 31 август, годинава од вкупно 12.223 активни баратели на работа 3.546 се млади до 34 години. ам/ки/

Остани поврзан