• понеделник, 23 декември 2024

Невладини организации бараат вклучување на „благосостојбата на животните“ во новата земјоделска визија на ЕУ 

Невладини организации бараат вклучување на „благосостојбата на животните“ во новата земјоделска визија на ЕУ 

Брисел, 29 јули 2024 (МИА) - Откако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците при нејзиниот реизбор најави дека во првите сто дена од мандатот на идното извршно тело на ЕУ ќе промовира нова „Визија за земјоделството и храната“, 20-тина невладини организации испратија писмо до неа во кое бараат во новата земјоделска стратегија да биде вклучена и обврската за подобри услови за животните. 

Според Олга Кику, директорка на бриселскиот тинк-тенк Европски институт за право и политика за животните, Фон дер Лајен во својот говор  за нејзините политички насоки пред Европскиот парламент не споменала воведување правно обврзувачка забрана за држење на живината во кафези и за спроведување пошироката ревизија на законодавството за „благосостојба на животните“. 

Грчката еколошка активистка Кику нагласи дека иако ЕК уште во 2020 година најавила „голема ревизија на законодавството за благосостојба на животните“, до декември 2023 година предложила само два закони од оваа сфера – за транспорт на животните и за условите за чување на домашните миленици, за потоа при крајот на нејзиниот мандат да соопшти дека промената на законската регулатива поврзана со „благосостојбата на животните“ ќе ја препушти на следната Еврокомисија. 

Полска пријави дека на неколку фарми во земјата регистрирани се жаришта на птичји грип Х5Н1

- Претседателката се уште има можност да ги вклучи барањата на огромното мнозинство Европејци и да ја врати на дневен ред ревизијата на законодавството за благосостојба на животните, со тоа што ќе го вклучи во најавената нова Визија за земјоделството и храната, смета  Кику. 

Во писмото на 20-тината невладини организации упатено до Европската комисија, меѓу другото, се инсистира на построга примена на законската Регулатива за транспорт на живи животни. Тие тврдат дека на телиња при транспорт од Ирска во Франција не им се дава храна додека се наоѓаат на траектите, што, според здруженијата, е спротивно на регулативата на ЕУ. 

Ваквата пракса ја потврди и самата Еврокомисија во извештај од декември минатата година, со кој беше побарано од ирските власти во рок од 25 работни дена по приемот на извештајот да подготват детални информации за преземените мерки за усогласување со одредбите од Регулативата за транспорт на живи животни на ЕУ. 

Но, според потписниците на писмото, досега овие информации не се обезбедени, па ја повикуваат Еврокомисијата да преземе ефикасни мерки за да го запре ваквиот транспорт. 

Одгледувачите на свињи од кочанскиот регион, кои на семејните фарми чуваа по едно до две грла за сопствени потреби, сè уште не знаат кога повторно ќе ги наполнат одгледувалиштата поради болес

Активисти на организацијата „Крај на кафезите“ во март годинава иницираа судска постапка против Европската комисија, затоа што, според нив, таа не го исполнила ветувањето дека ќе работи на постепено укинување на кафезите на живинарските фарми. 

Здружението „Европа ослободена од крзно“ во 2023 година собра над 1,5 милиони потписи на граѓани на ЕУ за нивната иницијатива за воведување законска забрана за производи од животинско крзно во текот на следниот мандат на Европската комисија.  

Минатата недела, пак, Еврокомисијата на барање на организацијата „Стоп за суровоста, стоп за колењето“ одбори отпочнување на постапка за собирање потписи за „европска граѓанска иницијатива“ за промена на правилата со што ќе се намали максималниот број на животни што може да бидат чувани на една фарма и отпочнување на постапка за нивно етапно затворање, како и поттикнување на консумирањето протеини од алтернативни извори, како млеко, супститути на јајца од растително потекло и месо добиено од клетки во лабораториски услови. 

„Европската граѓанска иницијатива“ механизам воведен со Лисабонскиот договор од 2007 година насочен кон зголемување на директната демократија со тоа што ќе им се овозможи на „граѓаните директно да учествуваат во креирањето на политиките на ЕУ“. Согласно овој механизам најмалку еден милион граѓани на ЕУ од најмалку седум земји членки со потписи на петиција можат да побараат од Европската комисија да предложи директива или регулатива за некое прашање, кое е во надлежност или овластување на Унијата. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан