• петок, 22 ноември 2024

Невиден пад на цената за барел американска нафта - „минус“ 37,63 долари

Невиден пад на цената за барел американска нафта - „минус“ 37,63 долари
  Њујорк, 20 април 2020 (МИА) – Американската лесна нафта го продолжува својот пад и цената сега е „минус“ 37,63 долари за барел. Тоа е последна цена на затворањето на сесијата за тргување. Неколку часа пред затворањето, цената беше еден цент за барел за испорака во мај. Резервите на црно злато веќе ја достигнаа својата точка на заситеност, а побарувачката силно се намалува заради пандемијата на новиот коронавирус. Лесната сурова нафта на САД за испорака во мај – денеска е последен ден за тие фјучерси – имаше цена од „минус 37,63 долари за барел. Тоа е досега невиден пад на цената на нафтата во историјата. За споредба, во 2011 година, таа нафта чинеше речиси 114 долари за барел. зш/

Остани поврзан