НБА: Њу Орлеанс две недели без повредениот Инграм
- НБА лигашот Њу Орлеанс Пеликанс ќе биде две недели без услугите на еден од своите најдобри играчи Брендон Инграм поради повреда.
![НБА: Њу Орлеанс две недели без повредениот Инграм](https://new.mia.mk/images/20240323101220_big_730x400_25.webp )
Њу Орлеанс, 23 март 2024 (МИА) – НБА лигашот Њу Орлеанс Пеликанс ќе биде две недели без услугите на еден од своите најдобри играчи Брендон Инграм поради повреда.
Со 20,9 поени и 5,8 асистенции, Инграм е втор стрелец и прв асистент во составот на Њу Орлеанс.
Со скор од 42 победи и 27 порази Њу Орлеанс е на петтото место во Западната конференција. Далас е на шестото, а Феникс на седмото место, двете екипи со скор од 41-29.
Директен пласман во плеј-офот ќе обезбедат шесте првопласирани екипи на крајот од регуларниот дел од сезоната. ег ФОТО: Фејсбук