• понеделник, 08 јули 2024

НБА: Хјустон до крајот на сезоната без Турчинот Шенгун

НБА: Хјустон до крајот на сезоната без Турчинот Шенгун

 

Хјустон, 11 март 2024 (МИА) – Најдобриот кошаркар на НБА лигашот Хјустон, 21 годишниот Турчин Алперен Шенгун, речиси сигурно предвреме ја заврши тековната сезона, откако тешко се повреди на дуелот изминатата ноќ против Сакраменто.

Шенгун при доскок во завршницата на натпреварот по повреди десното колено и зглобот, а од паркетот беше изнесен со инвалидска количка.

Во очекување на резултатите од магнетната резонанца, американските медиуми објавија дека сезоната за Шенген е речиси сигурно предвреме завршена.

Шенгун од почетокот на својата НБА кариера во 2021 година, го носи дресот на Хјустон.

Оваа сезона во дресот на тимот од Тексас е најдобар поединец со просек од 21 поени, 9.3 скокови и пет асистенции по натпревар. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан