• петок, 05 декември 2025

НБА: Хорст останува генерален менаџер на Милвоки

НБА: Хорст останува генерален менаџер на Милвоки


Њујорк, 25 април 2025 (МИА) – НБА лигашот Милвоки Бакс потпиша продолжување на договорот со генералниот менаџер Џон Хорст.
Според добро информираниот инсајдер на НБА лигата, новинарот на ЕСПН, Шамс Чарани, сопствениците на Милвоки и менаџерот на Хорст, Брајан Елфус, ставиле потпис на повеќегодишен договор.
Хорст стана генерален менаџер на Милвоки во 2017 година, а клубот оттогаш во сите осум сезони се пласирше во плејофот во лигата.
Хорст беше прогласен за најдобар менаџер во НБА лигата во сезоната 2018/19 и беше најзаслужен за доведувањето на Брук Лопез, Џру Холидеј, Боби Портис и Пи Џеј Такер, како и тренерот Мајк Буденхолцер, кои го одведоа клубот до шампионската титула во 2021 година. ег
ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан