• понеделник, 01 јули 2024

НБА „Ол-стар“ натпреварот во 2024 година ќе се игра во формат Исток против Запад

НБА „Ол-стар“ натпреварот во 2024 година ќе се игра во формат Исток против Запад

Вашингтон, 26 октомври 2023 (МИА) - НБА објави промени во форматот на Ол-стар натпреварот во 2024 година, кој ќе се одржи на 18 февруари во„ Гејнбриџ Филдхаус“ арената на Индијана во Индијанаполис.

Седумдесет и третиот Ол-стар натпревар во најсилната кошаркарска лига ќе биде класичен дуел меѓу селекциите на Источната конференција и на Западната конференција. Процесот на гласање ќе остане ист, со по 12 играчи избрани од секоја конференција.

Тимовите ќе продолжат да се натпреваруваат за победа во секоја четвртина за добротворна организација по нивен избор.

Капитени ќе бидат ѕвездите кои ќе добијат најмногу гласови од навивачите на нивната конференција во процесот на гласање. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан