• понеделник, 23 декември 2024

НБА може да му изрече дополнителна казна на Брукс за грубиот фаул над Пејтон

НБА може да му изрече дополнителна казна на Брукс за грубиот фаул над Пејтон

Вашингтон, 4 мај 2022 (МИА) – Надлежната комисија при НБА-лигата може да му изрече дополнителна казна на кошаркарот на Мемфис, Дилон Брукс за грубиот фаул над членот на Голден Стејт, Гери Пејтон Втори, објави инсајдерот на ESPN, Адријан Војнаровски.

Во третата минута од вториот натпревар од плеј-оф серијата меѓу Мемфис и Голден Стејт (106:101, 1-1), Брукс го удри Пејтон во глава кога се обидуваше да постигне кош од положување при една транзиција.

По стратот, играчот на Вориорс падна силно на подот, добивајќи фрактура на левиот лакт. Судиите досудија неспортски прекршок од втор степен и го исклучија Брукс од натпреварот.

Мемфис го доби мечот со 106:101 и изедначи на 1:1 во серијата прв до четири победи. зс/

Остани поврзан